Поставена новогодишната елка на плоштадот Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На плоштадот Македонија во центарот на Скопје е поставена новогодишната елка, а се очекува деновиве таа да блесне во полн сјај.

Таа, како и во минатата година, ќе биде дигитална, односно наместо светилки во една боја, ќе се менуваат различни нијанси и бои.

Во саботата започна украсувањето на градот, а претходно градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека до 5 декември плоштадот, како и главните улици и булевари низ градот ќе светнат со новогодишни украси и светилки.