Сојузот на учениците од средните училиште постигна договор со МОН за државната матура да има 4 испити, 2 екстерни и 2 интерни испити. Тоа е само еден дел од тоа што сме се договориле со МОН, вели првиот човек на Сојузот, Бледи Ходаи. Вели дека разговорите се во тек и дека нивното друго барање е во интерните испити просечната оценка да се пресмета од резултатот на четирите школски години.
„Сојузот ги кажа своите ставови во вчерашното соопштение. Задоволни сме што и МОН поддржа компромис. Очекуваме разговорите да продолжат вечерва, по што ќе се знаат сите детали.“, вели Бленди Ходаи.
Министерството информираше дека Советот на државната матура го прифатил предлогот државната матура да се состои од два екстерни и два интерни испити и проектна задача.
„Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог-концепција. На состанокот истакнаа дека со ваквата концепција на полагање не се нарушува квалитетот на матурата, се задржува стандардот, и е во интерес на сите матуранти.“, соопштија од министерството за образование и наука.
Од Сојузот на средношколци велат дека овој компромис предвидува реализација на два екстерни и два интерни испити, што значи дека третиот екстерен испит ќе се трансформира во интерен. Вклучува и промени во начинот на добивање поени за државната матура, така што екстерните ќе донесат максимум 20 поени (наместо 30 – колку што е моментално), додека интерните максимум 16 поени (наместо од сегашните 6 точки) и проектната задача и понатаму ќе има максимум 4 поени. Од друга страна, договорот постигнат меѓу Министерството за образование и СУСУ предизвика незадоволство кај одреден дел од матурантите, нешто што може да се забележи од нивната реакција на социјалните мрежи.
