Мерките на владата со есенската потрошувачка кошница даде ефект, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши според кого цените на производите се намалени од 5 до 10%. Потсети дека мерката истекува на крајот на овој месец и доколку има драстично зголемување на цените, најави дека ќе се преземат поригорозни мерки.
Од друга страна, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека живеачката станува поскапа бидејќи, како што вели, тешко се преживува со 370 евра, кога минималната синдикална кошничка е над 1000 евра. Според него, трговците заработуваат на грб на граѓаните.
Инаку вредноста на минималната синдикална кошничка за октомври 2024 изнесува 61.249 денари, информираат од ССМ. Со стан под кирија од 60м2 за октомври, кошничката достигнува 76.624 денари. Споредено со вредноста на минималната синдикална кошничка за септември 2024 која изнесуваше 61.306 денари, намалена е за 57 денари.
