Денеска во Цирих се одржа ждрепката за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар. Македонија за ривал ја доби селекцијата на европскиот првак Италија во полуфиналето, а победникот од овој меч оди на подобриот од дуелот Португалија – Турција.
Интересно е тоа што ждрепката одреди победникот од мечот Португалија – Турција да биде домаќин во финалето. Тоа значи дека ако Македонија ја мине Италија на гостински терен, ќе игра повторно на гости и во финалето.
Бараж дуелите се играат на крајот на март идната година.
