Потона брод со мигранти кај грчкиот остров Самос, најмалку тројца загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројца мигранти загинаа, а најмалку 25 се водат како исчезнати откако нивниот брод потона во понеделникот кај грчкиот остров Самос, јави државната телевизија.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека досега спасила пет мигранти.

Акцијата за пребарување и спасување со четири бродови на крајбрежната стража и хеликоптер продолжува по карпестиот брег на Агиос Исидорос на северозападниот дел на островот.

ФОТО: Архива