Доколку премиерот Зоран Заев сам не поднесе оставка, новото парламентарно мнозинство ќе му изгласа недоберба на следната собраниска седница откако вечерва биле собрани потписите, јавува репортерот на ТВ21.
Вечерва во Собранието, средба имаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица кои договорија ново парламентарно мнозинство.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште е во Собранието.
Откако ќе бидат доставени потписите, во рок од три дена треба да се одржи седница на која доколку има парламентарно мнозинство ќе биде изгласана недоверба на Владата.
Со изгласувањето недоверба, паѓа цела Влада, а потоа започнувата да течат роковите каде што главната улога ја има претседателот на државата Стево Пендаровски.