Од каде знаат ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ дека утре ништо нема да се случи во Уставен суд за Законот за јазиците, прашува потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми во Дејли Клик на ТВ21 алудирајќи дека владејачките партии играат улога на судии.
Арбр Адеми: „А од каде знаат дека нема да се случи ништо? “
-Видовме и…
„Ова е круцијално прашање дека овде кај нас водачите на извршната власт, Владата, се прават обвинители, судии, се прават повеќе од претседателот на Уставниот суд, поголеми од Уставниот суд, од каде знаат дека ништо нема да биде, од каде знаат?“, вели Адеми.
Потпретседателот на Интегративците зборуваше и за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на неколку члена од Законот за јазиците. Адеми рече дека доколку се укине членот 23 параграф 5 од законот за јазиците, ниедна институција нема да го спроведе Законот.
„75 страници е, тој реферат што излезе вчера, знаете ли што подразбира? Тој реферат подразбира дека 18 одредби од законот за албанскиот јазик ќе се аброгираат, ќе подлежат на оценка на уставноста. 18 одредби, не две, не три, туку 18.“, вели Арбр Адеми.
Адеми порача дека треба да има загриженост тоа што ќе се случи утре со албанскиот јазик на седницата во Уставен, а додаде дека прашањето не е кој протестира, туку за што се протестира.
