Во Комисијата на историчарите за прашањето меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да има барем еден член Албанец. Историчарот Зејни Мазлами во емисијата Клик Плус рече дека во овие преговори треба да се бара нашиот дел од историјата.
Зејни Мазлами: „Во историјата ние треба да го бараме нашиот дел, да се третираме како страна“.
ТВ21: Дали сме побарале до денес?
Зејни Мазлами: „Не. Треба да го бараме нашиот дел, барем да бидеме дел од преговорите за историјата за политиката за идентитетот е проблем на двете страни“.
Историчарот Насер Мифтари истакна дека Албанците се граѓани на оваа земја и треба да се вклучат во процесите кои се случуваат во државава.
„Што се однесува до историјата како наука, таа не бара бидејќи нејзините факти ќе говорат сами. Во конкретниов случај кога науката се судира со политиката тогаш еднаш мислењето е да бидеме присутни во секоја комисија, зошто, затоа што се бара компромис , што подразбира пропуст на она што јас го нарекувам наука, бидејќи и јас сум граѓанин на оваа земја, сакам да бидам вклучен во сите комисии , сите процеси што се случуваат во државата“, посочи Насер Мифтари.
И опозицијата бара во ревидирањето на учебниците, во комисијата секако да има Албанци.
„Ние и натаму живееме тука во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат нашите деца Албанци и која нема врска со нашите преродбеници туку има врска со лажна историја која им се наметнува ним“, вели Зијадин Села.
Села исто така рече дека спорот меѓу Скопје и Софија во основа го содржи прашањето за неколку историски ликови, но проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор не учествува во теми со таква важност. Побаравме , став и одговор од министерот за надворешни работи Бујар Османи но тој не одговори до овој момент.
