Предлог до Владата за формирање на кризен штаб за стокови резерви упати поранешната вице-гувернерка на Народна банка, Маја Кадиевска Војновиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Таа додава тие се важни затоа што останатите земји веќе ги обезбедиле своите стокови резерви.
„Ние како Влада, како држава требаше да имаме до сега еден Кризен Штаб за стокови резерви. Зошто еве гледаме земете ги Србија и Кина. Кина пред два три месеци ги купи сите вишоци на храна на светскиот пазар. Србија обезбеди со милиони тони сол, грашок, грав, пченка“, истакна Маја Кадиевска Војновиќ
Таа вели дека со Русија и Украина надворешната трговска размена е мала, меѓутоа не е ни незначајна. Но додава, Европа е многу тесно поврзана со Русија. 40 отсто од природниот гас Европа го снабдува од оваа земја. Најмногу ја плаши изјавата од Катар дека количеството на природниот гас ниту една друга земја не може да го надополни, од причина што веќе овие сите имаат долгорочни договори со други држави.
„Увезуваме повеќе од овие две држави особено од Русија во делот на минерални горива, нафтени деривати, нема толку ефект на увоз на оние примарни производи како што е пченка, пченица во делот на храна, но во каетегорија метали имаме значаен увоз“, додаде Кадиевска Војновиќ.
По сите основи од пченица до енергенси, основни животни продукти, ние сме точно на нормативите кои се предвидени за такви ситуации, пополнети сме – изјави Претседателот на државата Стево Пендаровски во Утрински брифинг.
„Проблем ќе биде ако кризата трае подолг временски период, бидејќи Украина е најголема житница. А Русија во делот на енергентите светска сила. Во овој момнет од гас до пченица имаме доволно. Но, ако потрае месеци и месеци ќе мораме да направиме интервентни увози“, вели Стево Пендаровски.
Од Влада велат дека стоковите резерви располагаат со доволни количини на прехранбени стоки, а дополнително и на страната на понудата на пченицата како стратешки производ нема ограничување. Надлежните министерства во моментов вршат консултации за набавка на дополнителни количини на стоки во стоковните резерви.
„Во буџетот за 2022 година повторно се предвидени средства за набавка на допонителни количини на стоки за подолнување на стоковите резерви, покрај средствата кои се предвидени од сметкта за самофинансирачки активности на Агенцијата за стоковни резерви“, велат од Влада.
Србија веќе има донесено одлука да не извезува битни продукти во кои спаѓа и пченицата од каде ние и најмногу увезуваме. Претседателот потсети дека за тоа треба да водат сметка институциите.
