Потрес во фудбалскиот свет: Меси по 21 година си оди од Барселона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалскиот клуб Барселона преку нивните официјални профили на социјалните мрежи потврдија дека Лионел Меси нема да остане дел од каталонскиот тим затоа што не можеле да ги исполнат барањата на шпанската Ла Лига.

Каталонскиот тим се договорил со Меси за нова соработка, но не можеше да се потврди договорот бидејќи не ги исполнуваат финансиските прописи.

„И покрај договорот меѓу Барселона и Меси и јасната намера да потпишеме нов договор, тоа не може да се случи поради финансиските пречки од шпанската Ла Лига“, соопштија од клубот.

ФК Барселона со цело срце изразува благодарност до играчот за неговиот придонес во славењето на клубот и му посакува се најдобро во иднина во неговиот личен и професионален живот.