Повисок данок на имот за сите што имаат втор стан , куќа, деловен простор или имот кој не се користи. Мерката неодамна ја најави премиерот Зоран Заев, со образложение дека истата ќе се однесува и за државата . На пример доколку државата поседува поранешни детски одморалишта и истите не ги користи би платила повисок данок и тоа на општината, каде одморалиштето припаѓа. Во спротивно, според новата идеа на премиерот, истиот имот треба да се продаде . Целта е полнење на државната каса велат од Владата, истото го коментираат и економските познавачи . Во услови кога недостасуваат средства во Буџетот мерката ќе помогне за полнење на државната каса, порачува универзитетскиот професор Сами Беслими.
Предлогот е добар, вели Беслими, но изразува сомнеж околу неговата имплементација
Ова се мерки за изедначување на економската благосостојба на луѓето објаснува Беслими, додавајќи дека праксата е добро позната и за западно-европските земји. Граѓаните негодуваат,велат мерката ќе го оптовари домашниот буџет
Предлогот изминатата недела требаше да помине на владина седница, но од Владата велат дека е вратен на доработка и би требало да се најде на разгледување на некоја од наредните владини седници.
