Повеќе од 1,4 милиони заразени, трагични рекорди во САД и Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со коронавирусот во светот се заразени повеќе од 1,4 милиони луѓе, а починале 82.000. Ден со најмногу жртви од почетокот на епидемијата е забележан во САД, каде починаа 1736 лица за 24 часа. Вторник беше најтешкиот ден и во Франција каде што се забележани 1427 жртви, од кои 820 само во старечките домови.

Најмногу заразени од Ковид-19 има во САД каде што се забележани 400.540 случаи. Од почетоко на пандемијата во САД починаа 12.857 лица. Во Њујорк се регистрирани 731 нови починати лица.

Најголем број на жртви од коронавирусот има во Италија – 17.127, а заразени се 135.586. Во вторникот бројот на починати изнесуваше 604.

Во Обединетото Кралство бројот на заразени достигна 55.000 лица, а премиерот Борис Џонсон ја мина и втората ноќ на интензивна нега. Во Германија има повеќе од 107 илјади заразени и 2.000 починати.