Турските власти уапсиле повеќе од 100 лица кои учествувале во антинато-протести организирани завчера од Комунистичката партија на Турција (TKP), во пресрет на самитот на лидерите на НАТО, кој ќе се одржи утре и задутре во Анкара.
Турција ќе биде домаќин во Анкара на лидерите на 32-те земји членки на НАТО, како и на официјални претставници од партнерските држави.
Во очекување на самитот, властите ги зајакнале безбедносните мерки низ целиот град Анкара, забранувајќи протести, поставувајќи барикади и затворајќи патишта во повеќе делови од градот.
TKP соопшти дека организирала протести во центарот на Анкара, додавајќи дека се уапсени над 100 членови на партијата, вклучително и нејзини функционери.
Фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваат демонстранти кои веат знамиња и извикуваат слогани како: „НАТО, убијци, заминете од нашата земја!“, додека полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата.
Стотици лица учествувале и на друг протест на TKP во Истанбул, а во градот биле одржани уште две собири организирани од левичарски групи. И покрај големото полициско присуство, во Истанбул не биле пријавени судири.
Досега, турската влада не реагирала официјално во врска со протестите и апсењата.
