Најмалку 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа со училишен автобус во источниот дел на Уганда, соопшти денеска локалната полиција.
Според првичните информации, автобусот се враќал од училишна екскурзија кога возачот најверојатно ја изгубил контролата над возилото. Автобусот излетал од патот, удрил во голема карпа и се превртел.
„Возачот, по сè изгледа, ја изгубил контролата над возилото, кое излетало од патот, удрило во голема карпа и се превртело“, соопшти полицијата на социјалната мрежа Икс.
Во несреќата се повредени уште три возрасни лица и повеќе деца, пренесува „Фигаро“.
Автобусот, кој бил во сопственост на Основното училиште „Кинг Дејвид“, во близина на главниот град Кампала, според безбедносните служби се враќал од екскурзија до водопадите Сипи, во областа Капчорва, во источниот дел на земјата.
