Повеќе од 60 јавни личности бараат од опозицијата потпишување на Договор за одговорна Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 60 јавни личности, кои пред две недели испратија апел за одговорност до опозициските партии, подготвија предлог Договор за одговорна Србија и го доставија до опозициските партии со демократска и граѓанска ориентација, јави дописникот на МИА од Белград.

Потпишување на Договорот е закажано за четврток 17 февруари на состанок на кој покрај иницијаторите ќе учествуваат Горан Марковиќ, Весна Ракиќ Водинелиќ, Дубравка Стојановиќ, Тамара Трипиќ, Раде Радовановиќ, Александар Баучал, Драгољуб Бакиќ и Дејан Атанацковиќ.

Според соопштението, поканата за потпишување на Договорот е испратена до партиите од демократската опозиција, пред се до оние кои јавно и недвосмислено го поддржаа Апелот: Коалицијата Мораме, Партијата за слобода и правда (ССП), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Граѓанскиот демократски форум, Нова партија, Демократската партија (ДС), Народна партија(НС) и Социјалдемократската партија.

-Поаѓајќи од фактот дека на Србија не и е потребна само промена на власта, туку и преземање одговорност за нови политики кои подготвено ќе се соочат со наталожените проблеми, со апсолутна поддршка за излагање на опозицијата во неколку програмски колони и уверување дека политички и вредносно средните колони имаат големи шанси за изборен успех, ние, долупотпишаните, сметаме дека е потребно усогласување на принципите кои стојат над специфичните програмски и теснопартиски цели, а кои суштински ги обединуваат сите демократски сили во борбата против единствениот противник – владејачкиот режим, се навдува во соопштението.

Апелот до партиите на проевропската демократска опозиција беше испратен на 27 јануари, а потоа беше потпишан од 51 јавна личност, а нивниот број во меѓувреме се зголеми.