Штом излегуваат од дома, жителите кои живеат во Серава, општина Чаир, веднаш наидуваат на проблем. Веќе неколку месеци овој канал стои отворен, а поминува до вратите на нивните домови. За да поминат на другата страна се поставени импровизирани мали мостови.
Се работи за средување на нова водоводна инсталација, но жителите бараат побрзо да се работи бидејќи животот на нивните деца е загрозен.
„Одамна е тука, можам да кажам месец дена, е вака“, вели жител.
„Да, не се работи вака, не знам зошто е вака“, додава жител.
Преку оваа улица поминуваат и деца бидејќи во близина се наоѓа градинка.
„И таму погоре работеа но таму затворија, мислам дека и овде ќе затворат полека“, истакна Заев.
„Опасно е и треба да се забрзаат работите“.
Од општина Чаир велат дека има застој поради климатските услови.
„Што се однесува до работните активности за средување на водоводната мрежа на улицата Места, ве информираме дека 90% од работните активности се завршени, но поради климатските услови целосното завршување на работниот процес е одложен“, велат од Општина Чаир.
Од Општина Чаир велат дека новата водоводна инсталација на улица Места чинела 5 810 240 денари со ДДВ, а започната е и јавна набавка и за улиците Ковачка, Руфат Бурџевиќ и Севастополска, во населба Сераво – Чаир.
