Повеќе од милион граѓани вакцинирани во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над милион вакцинирани лица во Србија денеска, објави српски Курир. Во моментов вакцинирани се вкупно 1.002.949 граѓани.

Масовната вакцинација на граѓаните во Србија започна на 19 јануари, а до денес втората доза од вакцината ја примиле 356.010 граѓани.

Порталот пишува дека според последните податоци на Владата на Србија, земјата е седма во светот според бројот на вакцинирани на милион жители. Пред Србија моментално се Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Бахреин.

Србија е втора според бројот на вакцинирани лица на милион жители во Европа, а само Велика Британија е пред нив.

Граѓаните на Србија досега имаа можност да бираат меѓу три вакцини, а според најавите во текот на неделата би требало да стигнат уште 150.000 дози од четврта вакцина.