Повеќе од шест часа се трага по 16 годишното момче кое исчезна во Преспанско, вклучени и нуркачи од Охрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нуркачи и специјален тип за пребарување од Охрид попладнево пристигна во туристичкото место Претор во Преспа и веднаш се вклучија во акцијата за пронаоѓање на телото на 16 годишното момче кое се удави попладнево.

Случајот во Итната медицинска помош бил пријавен во 18 часот и 20 минути. Во пријавата стои дека момче со иницијали И.М исчезнало во водите на Преспанското езеро.

Информациите доцна вечерва ги потврди и Министерството за внатрешни работи.

„Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“, информира МВР.

Во акцијата која трае повеќе од шест часа вклучени се нуркачки тимови од Охрид, граѓани, присутни се екипи на Брза помош, полиција…

Потрага по телото на 16 годишното момче во Преспанското езеро | ВИДЕО: Centar.mk
Потрага по телото на 16 годишното момче во Преспанското езеро | ВИДЕО: Centar.mk
Потрага по телото на 16 годишното момче во Преспанското езеро | ВИДЕО: Centar.mk

Неофицијално до инцидентот дошло откако три лица се возеле на педалинка и од непознати причини во еден момент педалинката се превртела. Две момчиња излегле на површината, додека едното не излегло од водата.

Екипа на ТВ21 денеска беше во Преспа, точно на местото каде попладнево се случи трагедијата. Поради продолжениот викенд, туристичкото место беше преполно со гости.

https://mk.tv21.tv/i-prespa-polna-so-turisti-za-prodolzheniot-vikend-video/