Повик за бојкот-стоп за високите цени! – Македонските граѓани се организираат за бојкот на маркетите во петок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака беше пред неколку денови во Хрватска…

Хрватите го разбудија регионот – бојкотот на маркетите поради високите цени масовно се шири. Продолжи во Босна и Херцеговина се префрли и во Црна Гора, сега и во Македонија.

Но дали и кај нас маркетите ќе останат празни?!

Македонските граѓаните масовно се организираат за бојкот на маркетите во петок на 31 јануари. Повиците се шират на социјалните мрежи. ТВ 21 разговараше со креаторот на фејсбук страната Бојкот!!! Стоп за високите цени на храната!!!

Вели идејата е граѓаните да сфатат дека мора сами да реагираат.

„За да се соочиме со тие ланци на храна, што продаваат во државава и што се богатат врз нашиот грб. Ќе пробаме на 31, ако нема доволен одзив ќе научат луѓето ќе одредиме и друг датум. Целта е да се почне нешто, да се тргне од нулта точка, да се реагира за да сфатат луѓето дека има начин како да реагираме, пошто никој нема да реагира за нас, освен ние самите. Целта моја е да дојдеме до ден кога никој во државава нема ништо да купува. Продавниците да стојат празни, за да тие газди се сетат дека има некој и од другава страна“, вели Михајло Ќурчиески.

Граѓаните велат, ќе го поддржат бојкотот, цените на храната се превисоки.

„Јас сигурно да. Нема да пазарувате тој ден? Не, зошто да пазарувам немам потреба

„Да, би бојкотирал сигурно, ако е за цени големи, така нешто? Сигурно секако..

„Давам поддршка“.

„Па да ако продолжи така со зголемување и ако не се намалат цените, да, секако“.

„Па, би поддржала. Нема да пазарувате во петок? Нема да пазаруваме“.

Актуелна е таа тема деновиве и во соседството и кај нас. Сметам дека кој може и кој сака треба да поддржи. А земајки предвид дека на 31, најголем дел од македонскиот народ немаат пари на својата сметка, мислам дај боже да имаат, претпоставувам акцијата ќе биде успешна.

И од Организацијата на потрошувачи со поддршка.

„Сметаме дека на тој начин ќе се поттикнат и самите трговци да ги намалат цените,меѓутоа и Владата ќе биде поттикната да преземе одредени мерки, кои што ќе бидат подолготрајни, подолгорочни и ќе имаат поголем ефект. Треба малце да се делува на самите трговци, нормално трговските ланци, за да можат да се намалат нивните добивки, за да им се помогне на граѓаните, зошто без граѓаните, еве и ова е тоа бојкотот, фактички се покажува дека без потрошувачите, тие нема да имаат корист“, вели Маријана Лончар-Велкова.

Инаку, во Хрватска на 24 јануари се одржа масовен бојкот на продавниците, а платформата за заштита на хрватските потрошувачи „Ало, инспекторе“ за петок повикува на нов бојкот. Прометот во хрватските продавници се преполови, а се појавија и снимки на кои се гледа дека сите производи на маркетите веднаш биле ставени на акција и попусти за дури до 50 проценти. На социјалните мрежи во Босна и Херцеговина исто така се шират повици за бојкот в петок (31 јануари), а веќе се мобилизираат и граѓаните на Црна Гора.