Повици и интернет без дополнителни трошоци! ЕУ одобри започнување преговори за укинување на роамингот со Западен Балкан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го одобрија почетокот на преговорите за укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан, неофицијално потврди и Советот на ЕУ.

Одлуката се однесува на отворање преговори со Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија за роаминг на јавните мобилни комуникациски мрежи.

Се очекува Советот на ЕУ официјално да ја одобри одлуката во четврток, 4 јуни, а потоа преговорите можат да започнат со секоја земја во регионот поединечно. Кипарското претседателство со Европската Унија изјави дека силно го поддржува европскиот пат на Западен Балкан.

„Проширувањето на зоната без роаминг е јасен знак за нашата посветеност кон регионот. Го поздравуваме формалното усвојување на одлуката со која се овластува отворањето на преговорите за договорите“, изјави портпаролот на претседателството предводено од Кипар.

Европската комисија во февруари предложи укинување на роамингот за Западен Балкан.