Повлечен учебникот по географија – „Нема да учите од учебник кој ги навредува Албанците“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот по географија, Бурим Алиу им ја соопшти веста на учениците од Средното училиште „Зеф Љуш Марку“ – дека учебникот по географија за втора година е повлечен од употреба. Причина за ова, како што рече, е неточната содржина која поттикнува меѓуетничка омраза.

„Од вчера е официјално – ќе се повлече овој учебник и ќе биде изготвен нов. Тој учебник е печатен во 2002 година со разни навреди, особено за албанската популација. Вие нема да ја имате оваа книга. За следната година сигурно ќе се смени. Ова е вест“, истакна Бурим Алиу.

Професорот Алиу бил и во Рецензиската комисија во рамките на Бирото за развој на образование  каде всушност била донесена одлука за повлекување на учебникот. Од 7 члена, 5 биле „за“ а двајца „против“. 

„Вчера во комисијата беше одлучено дефинитивно. Од седуммина, петмина потпишавме“, додава Бурим Алиу.

Последниот збор за повлекување на книгата го даде ресорната министерка, Мила Царовска, но на прес-конференција излезе нејзиниот заменик, Арафат Шабани. Тој упати критики на адреса на претходните министри, велејќи дека не направиле доволно за да го повлечат учебник.

Во спорниот учебникот има делови во кои пишува:
-Албанците биле Македонци, но за време на турското владеење се албанизирале, а меѓу нив имало и некои со турско, ромско и черкеско потекло.
-Албанците мигрирале во Македонија, малтретирајќи ги физички, крадејќи, киднапирајќи и убивајќи ги локалните Македонци…

Освен по географија, има и други учебници со навредлива и неточна содржина. Токму поради тоа формирани се меѓудржавни комисии каде се разгледуваат содржините на наставните програми и учебниците, но досега нема никаква одлука за нивна измена.