Вчера (18 ноември) во 18 часот, М.А.(38) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот, додека неговиот малолетен син играл во дворот на тетовско основно училиште, друг малолетник му фрлил запалена петарда и му нанел повреди.
Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
