Четири деца се повредени за време на роденденска забава во Грција кога одлетал тобоган на надувување, а полицијата ги привела родителите кои ја организирале забавата.
Настанот се случил во забавен парк во Коропа, а се сомничи и сопственикот кој ги немал сите дозволи да постави тобоган. Грчките медиуми јавуваат дека повредените деца имаат осум години.
Полицијата ги приведе и управителите на забавниот парк, покрај родителите кои ја организирале забавата.
