„Поврзувањето на Ковид-19 со 5Г е смешно“ – Халити: Тоа е како да верувате дека земјата е рамна!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем број видеа и вести почнаа да се објавуваат околу тоа дека 5Г мрежата е поврзана со пандемијата на коронавирус. Дури се појавија вести дека и во Македонија се поставуваат антени за 5Г. Инженерот за телекомуникации, Нусрет Халити, во емисијата „Клик Плус“ ги отфрли ваквите тврдења. Како што вели, поврзувањето на мрежата 5Г со коронавирус е смешно.

„Оваа работа со Ковид-19 и 5Г се чини дека е теорија на луѓето кои мислат дека земјата е рамна. Јас велам дека 5Г би го пренела вирусот Ковид-19 доколку земјата би било рамна. Со еден збор: ова е бесмислица дека системот 5Г го предизвикува Ковид-19“, истакна Нусрет Халити.

Халити говореше и за видеото од Боговиње што се појави на социјалните мрежи, а кое се сметаше за доказ дека се инсталира 5Г мрежата. Како што вели, тестирањето на мрежата се прави во Скопје, а не во Боговиње.

„Тестирањата се прават во Скопје, а не во Боговиње. Согласно извештаите на Агенцијата за електронски комуникации, направен е еден тест од страна на Т-мобајл Македонија. Го имам извештајот пред мене. Овој извештај е околу 14.9% според нивото кое го дефинира Светската здравствена организација“, додава Нусрет Халити.

Феноменот на лажните вести е доста честа појава во нашата земја, вели Сефер Селими. Според него, граѓаните тешко успеваат да ја разликуваат лажната од вистинската вест, бидејќи како што вели, во Македонија недостига медиумска писменост.

„Македонија е рангирана на последно место во Европа по медиумска писменост и критичко мислење. Што значи ова? Ова значи дека еден обичен граѓанин на Република Македонија е последниот кој е во состојба да направи разлика меѓу лажните и вистинските вести“, вели Сафер Селими.

Според Министерството за информатичко општество и администрација, во Македонија досега се направени само два теста за мрежата 5Г – еден во 2018-та во ограничени лабораториски услови строго контролирани, и еден во 2019-та во ограничен простор. Од МИОА повикуваат порталите и медиумите да бидат крајно внимателни кога известуваат за мрежата 5Г.