Модуларната болница во Велес, одново е отворена, откако инфективното одделение во овој град со 54 кревети се наполни со ковид пациенти.
Модуларната болница има капацитет од 42 кревети. Беше затворена на 26. мај поради малиот број на позитивни случаи.
Во Велес вчера имаше 250 активни случаи во моментов.
„Во модуларната болница се сместени четворица ковид пациенти, а во Инфективното одделение 47. На кислородна поддршка се 30 пациенти“, соопшти д-р Елеонора Јованова, портпаролка на велешка болница, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК
