Повторно поставени куќарките кај плоштадот – Арсовска: Не се само за „Нова година“, туку и за други потреби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повторно се поставени куќарките на скопскиот плоштад.

Пред неколку месеци тие беа поставени за новогодишните празници, но беа отстранети во месец април. Сега повторно се поставени.

На социјалните мрежи имаше многу реакции поради тоа што Град Скопје ги врати куќарките на плоштад, но во врска со тоа реагираше и градоначалничката Данела Арсовска, на нејзиниот фејсбук профил која напишала дека овие реакции се напад врз Град Скопје“, вели репортерката на ТВ21.

Враќањето на куќарките е направено со цел полуматурантите да добијат информации за уписите во средните училишта.

Данела Арсовска напиша дека куќарките не се само за нова година, туку се употребуваат и за други потреби.

Куќарките не се на градот туку на Јавното претпријатие Паркови и зеленило, а во функција за Отворените денови на 23 скопски средни училишта кои во следните неколку дена на Плоштадот Македонија ги запознаваат полуматурантите од градот и земјата со образовните програми и профили кои ги нудат“, вели Данела Арсовска.

Инаку во периодот за упис во средните училишта, во јунскиот рок за упис во средно училиште има две електронски пријавувања – првато ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога  се доставува потребната документација до училиштата. Конечните резулати од првиот упис ќе бидат објавени на 26 јуни.