Array

Повторно зголемување на минималната плата, првото зголемување донесе тренд на зголемување на платите општо, вели Заев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зголемувањето на минималната плата во Македонија предизвика тренд на зголемувањето на платите општо смета Премиерот, Зоран Заев, според  кого  зголемувањето ќе продолжело.

Овие зголемувања,  ќе овозможат до крајот на мандатот на Владата, да се достигне ветувањето за просечна плата од 500 евра во Македонија. Министерот за финансии, Тевдовски рече дека во 2018 година, просечната плата се зголемила за 5,7%, и додаде дека Владата ќе продолжи со напорите преку зголемувањето на платите да се спречи заминувањето на лекарите од Македонија.

Премиерот  не е задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции во 2018, за кои, вети дека ова година Владата ќе посвети повеќе внимание. Посериозен фокус ќе им посветат на железниците, патиштата и гасификацијата.

Репортер: Бесир Арифи