Покрај пожарите кои зафатија делови од Македонија, слична ситуација има и во Македонски Брод.
Ова го истакна директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во интервју на Сител ТВ.
„Да е само ова би било добро, имаме уште неколку вакви ситуации, слична е ситуацијата и во Македонски Брод, каде попладнево пожарот ја зголеми динамиката и се разви во еден силен пожар кој што се приближи до неколку села. Тоа е буквално на 50 метри од едно село во општината Македонски Брод. Таму се стационирани сите расположливи сили на локалната самоуправа и се држи под контрола за да не навлезе во селото“, вели Ангелов.
Тој вели дека ситуацијата може во секој момент да се промени и да бидат зафатени некои од тие куќи кои не се населени.
