Пожар избувна во автобус на ЈСП, возачот сам го изгаснал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар избувнал во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во близина на селото Цветово, скопско. Во инцидентот нема повредени лица.

Според информациите од МВР, вчера околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека 59-годишен скопјанец, додека управувал со автобус на ЈСП, пред влезот во село Цветово забележал чад кој доаѓал од предниот дел на возилото.

Возачот веднаш го запрел автобусот, по што со противпожарен апарат успеал да го изгасне пожарот.

Во инцидентот нема повредени лица, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.