Пожар пеплоса куќа во Кичево – семејство остана под отворено небо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вецко Митевски од Кичево со свои раце и пот ја изградил  и опремил  целата куќа. Но, пожарот му одзеде сѐ. Ноќта на 8 август беше најкобната за семејството Митевски од кичевското село Другово. Нивната куќа изгоре до темел.

Од засега непознати причини пожарот избувнал во работилницата, а потоа пламените јазици ја зафатиле и куќата, каде за само неколку часа долгогодишниот труд на ова семејство се претворил  во пепел.

Пожарникарите, покрај тоа што дошле доцна, како што раскажува Магдалена, не успеале ниту да стигнат до куќата поради тесната улица. Ќерките заедно со таткото не можеле ниту вода да истурат, бидејќи во текот на летото немаат вода.

Семејството е во лоша психичка состојба, бидејќи како што велат, не можат да се помират со фактот дека изгорело сѐ што имале. Останале и без заштедата што со години ја собирал домаќинот.

Единствена надеж за помош гледаат во хуманите луѓе.  

Се потрудија да го исчистат опожарениот простор, но немаат доволно пари за повторно да ја изградат куќата. Доброволци им помагаат со физичка работа, но во моментов семејството Митевски не стојат добро финансиски за да продолжат со изградба на куќата.

Број за контакт: 072-314-838

Број на жиро сметка: Комерцијална банка 300007086114167

Број на жиро сметка во странство: ИБАН MK07300307015553442