Патниците од автобус на ЈСП биле евакуирани откако вчера избувнал пожар во задниот дел од возилото додека автобусот бил на автобуска постојка во Центар.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера, 15 септември, околу 17:05 часот во СВР Скопје.
Пожарот избувнал во задниот дел од автобусот, а бил локализиран и изгаснат од страна на возачот и екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.
Во инцидентот нема повредени лица. Сите патници навреме и безбедно го напуштиле автобусот.
Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали за причините поради кои избувнал пожарот.
