Попладнево во Шуто Оризари избувна пожар.
Од ЦУК велат дека густ чад и непријатна миризба и понатаму се шират од пожарот кој е во близина на „Џиди Комерц“ и дека истиот сè уште не е целосно локализиран.
Според информациите од ЦУК, на локацијата гори ѓубриште и пластичен отпад, поради што пожарот и понатаму чади и предизвикува загадување на воздухот во околината.
На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на целосно гаснење на пожарот. Засега нема информации за повредени лица или зафатени објекти.
