Пожар во центарот за бездомници во Чичино Село, 16 жители преместени поради безбедносни причини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот.
Вчера околу полноќ во Центарот за бездомници во Чичино село избувна пожар.

Во пожарот се опожарени три бараки. Денеска останале само ѕидовите на бараките а оштетени се и три автомобили кој биле во непосредна близина.
Директорката, Наташа Станојевиќ, вели дека во тие објекти немало жители, а поради безбедносни причини преместени се 16 жители.

Вчера во полноќ на местото на настанот беше и техничкиот Министер за труд и социјална политика и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Беџети изјави дека најважно е што нема повредени и дека е направено само материјална штета.

„Најважно е што нема повредени, една од бараките, која е многу стара, е опожарена, сигурно надлежните органи ќе ги истражат причините како дошло до пожарот и за среќа нема повредени. Сметам дека институциите ќе ја санираат ситуацијата.“, вели Беџети.

Од МВР информираат дека се опожарени три бараки, а додаваат дека истрагата за наоѓање на причините поради кои избувнал пожарот продолжува денеска.