Учесници на протестот во Тирана денеска упаднаа во Апелацискиот суд и ја оштетија инфраструктурата, по што интервенирала полицијата, која употребила солзавец, а некои демонстранти биле извадени од зградата и уапсени.
На видеоснимките се гледа дека огласната табла во дворот на судот е искршена, додека во самата зграда се забележуваат скршени прозорци и расфрлани предмети, објави албанскиот „Еуроњуз“. Според медиумот, во судската зграда во моментот на упадот се одржувале судски рочишта.
По упадот во Апелацискиот суд, демонстрантите се упатиле кон Министерството за надворешни работи, каде што повторно дошло до судир со полицијата.
