Водечките студентски организации во Франција денеска најавија нови демонстрации и ја осудија владата, оценувајќи дека е „оддалечена од реалноста“ и дека целосно погрешно реагира на бранот протести.
„Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека барањата на младите треба да се слушаат со љубезност и без осудување. Реалноста е дека тој ништо не разбрал, ништо не слушал и не се грижи за барањата на младите“, се наведува во соопштението на студентската организација УНЕФ, пренесува „Фигаро“.
Во соопштението се додава дека разговорите што ги најави Макрон ќе бидат „бесмислени“ доколку единственото решение што ќе биде понудено се претседателските избори следната година.
