Две лица загинаа, а неколку други се повредени во пожар што избувна во станбена зграда во туристичкото одморалиште Магалуф на шпанскиот остров Мајорка рано утрово, соопштија властите. Пожарот зафати околу дваесет жители, а четворица од нив се хоспитализирани, пренесува „Еуроњуз“ .
Според Цивилната гарда, пожарот избувнал околу 5 часот наутро на третиот кат од зградата. Станарите безуспешно се обиделе да го изгаснат, но пожарот се проширил на остатокот од зградата, особено на горните катови. Пожарникарите го изгаснале пожарот приближно два часа подоцна. Причината за пожарот сè уште се истражува. Катoт каде што избувнал пожарот, како и катовите веднаш над и под него, се оградени за истрага.

Магалуф е популарна дестинација за млади британски и германски туристи, позната по своите плажи и ноќен живот. Се наоѓа на брегот на општината Калвија, 22 километри западно од Палма, главниот град на островот. По трагедијата, локалните власти прогласија дводневна жалост.
Two killed in Mallorca fire as flames engulf building in holiday hot spot https://t.co/NqTb0aChxt
— simplyexcess (@simplyexcess) June 11, 2026