Во средината на третиот топлотен бран што ја погоди Грција, пожарникарите денес гаснеа шумски пожари во близина на главниот град Атина, објавија локалните медиуми, наведувајќи дека неколку села се евакуирани.
Експлозии можеа да се слушнат во селото Дросопигиу, на околу 25 километри од Атина, каде што се наоѓа фабрика со запаливи материјали, објави Ројтерс.
Противпожарни хеликоптери беа распоредени, а 65 пожарникари се бореа со пожарот со помош на 26 возила и два авиони.
