Пожарите во јули во Грција зафатиле над 13.000 хектари површина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од почетокот на годинава, пожарите во Грција зафатиле вкупна површина од над 21.500 хектари, додека пак само во јули надминува 13.000 хектари, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео.

Минатиот месец во различни делови на Грција избувнаа шест големи пожари што зафатија вкупна површина од над 13.270 хектари или 60 отсто од зафатената површина во текот на 2022 година.

Најголема површина, околу 4.000 хектари беше зафатена во пожарот во Националниот парк Дадиа во Еврос, додека пак големиот пожар во близина на Атина во кој изгореа и домови, беше на површина од околу 2.780 хектари.