Овие се припадници од „Шумско стопанство“ Тетово. Тие дежураат кај пожарот над село Раховиќ – Сарај.
Единствени средства за гаснење на пожарот се ова опрема, пластична чанта наполнета со неколку литри вода.
Колку се овие ефективни?
Колку што може, колку што ќе можеме со ова.
Потребно е и метла, лопата.
Дали овие се стари модели?
Како што гледате сами…
Треба да имаме капи, чевли, цела опрема, ние овде дојдовме со нашата опрема.
И во текот на вчерашниот ден, припадници на АРМ и ЦУК, со ова опрема тргнаа на планина за да го изгасат пожарот.
Пожарот над село Раховиќ е активен веќе неколку дена.
Денеска состојбата е малку подобра бидејќи жариштето на пожарот е малку оддалечено од селото.
„За секој случај ние сме подготвени да помагаме, имаме и опрема.“.
Припадниците на Армијата на Северна Македонија и денес се во селото.
А од воздух интервенираа хеликоптери и авиони.
Додека планината гори над село Раховиќ, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, избра да ја надгледува ситуацијата од 3 села подалеку, поточно од Ласкарци.
Веќе неколку дена по ред гори планината, но само вчера за првпат беше интервенирано од воздух бидејќи од земја беше невозможно.
