Пожарникари од ДВД Комижа им го разубавиле денот на две лица со попреченост откако им дозволиле да уживаат во зајдисонцето од ридот Хум.
„Денес одговоривме на иницијативата на нашиот член Наша Рамиќ да дозволиме едно лице со церебрална парализа да ужива во најубавото зајдисонце – она од ридот Хум. Во тој момент во близина имаше уште едно лице со попреченост, кого исто така го доведовме до врвот. Се надеваме дека овој гест им го направи денот барем малку подобар “, напишаа на Фејсбук профилот со снимка од акцијата.
