Пожарникарите од Свети Николе го ставија под контрола, а потоа останаа до доцна да го ликвидираат пожарот кај планинското село Горобинци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска, на Единствениот број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), покрај за други пожари на отворено, околу пладне e добиен повик за пожар на отворено, при што е информирано дека гори сува трева и грмушки во атар на с.Горобинци во Општина Свети Николе.

Сектор за операции и координација на ЦУК преку Регионалниот ЦУК Велес координираше при што информира дека пожарникарите од ТППЕ Свети Николе веднаш се излезени со еден тим од три пожарникари и едно ПП возило, и за половина час ќе стигнат на терен, до местото на пожарот којшто е на висок терен кај с. Горобинци.

Пожарот е ставен под контрола попладне, а биле опожарени околу 15 хектари сува трева, грмушки и деградирана нискостеблеста шума.

Пожарникарите од ТППЕ Св. Николе се задржале до доцна на терен, се додека пожарот целосно не се ликвидира. Во утринскиот извештај ќе биде известено дали се уште чади.