Додека за повеќето недела е неработен ден, други започнаа да ја поставуваат оградата пред зградата на Владата.
Бојадисана и освежена, по 7 години се враќа на старото место.
Повторно се враќа ограда пред Владата, каде досега се користеше железна ограда која беше во сопственост на Министерството за внатрешни работи.
За старата ограда која досега беше користена, Владата рече дека е несоодветна и нефункционална.
Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно остранетата ограда на Владата. Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална. Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција.
Томовски во разговор за ТВ21 вели дека вратата ќе остане отворена за влез во дворот на Владата како и споменикот на Ослободителите на Скопје кој пак по поставувањето на оградата во време на Груевски беше недостапен и изолиран.
Оградата беше поставена во 2015 кога објектот доби барокна фасада, а чинеше околу 700.000 евра. Во 2017, кога СДСМ дојде на власт во 2017 и премиер беше Зоран Заев оградата беше отстранета, за како што рекоа владата да биде отворена за граѓаните. Таа беше отстранета во февруари 2019, но само нејзиниот метален дел, а барокните столбови останаа, бидејќи беше прескапо и тие да бидат тргнати. Владата на Заев тогаш тврдеше дека од оградата ќе се направат клупи и настрешници, но тоа не се случи.
