Камион со опасни материјали доживеа сообраќајна несреќа! Покрај возачот кој е во тешка здравствена состојба, протекување има и одкамионот со опасни материи. Пожарникарите со специјална екипа за опасни материјали интервенираат за да го спасат возачот и да го спречат протокот на материи. Станува збор за импровизирана сцена на несреќа која ја демонстрираше тетовската единица, на денот на пожарникарите.
Тука беше претставен и камионот ескалатор за интервенција во згради високи до 37 метри.
Градоначалникот на општината вели дека Тетово има најпрофесионална единица во Македонија, а според него можеби и во регионот, каде што тетовските пожарникари се обучени од англиски пожарникари.
-Единицата за заштита и спасување на град Тетово може да каже дека е поподготвена од вработените лица или спасувачите, но и од опремата што ја видовме на оваа демонстрација и донацијата на скали кои сега можат да стигнат и до највисоките згради во моментот е во нашиот град-рече Касами.
Но, командантот на единицата Авни Ахмети вели дека имаат потешкотии, бидејќи опслужуваат територија со пет рурални општини, а се вработени само 75 пожарникари, 50% помалку отколку што треба.
-Ова е многу голема територија, населена е со околу 180 илјади жители. Во пожарната во моментов имаме 75 вработени, со основните меѓународни стапки од пресметките што ги направивме треба да бидат 155-изјави Ахмети.
20 мај е меѓународен ден на пожарникарите.
