Пожарот ѝ го претвори во пепел имотот – „Огнот го предизвикаа електричните кабли“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изгорен градежен материјал, магацин и камион… Ова е само дел од материјалните работи без кои остана Валентина поради пожарот од пред три дена. Пламените јазици кои се ширеле  брзо во населбата Белановска во кумановското село Доброшане, ѝ ја зафатиле целата површина земјиште од 7.500м2. Тажна и вознемирена, сопственичката раскажува што се случило:  

Валентина вели дека вакво лошо искуство имала и во 2009 година. Како што уверува, пожарот бил предизвикан од електричните кабли врз дрвата. Таа ја обвинува компанијата ЕВН, велејќи дека иако е виновна, сепак не презема никаква одговорност.

Соседот кој живее во близина, како случаен сведок ја потврдува приказната на Валентина, додавајќи дека сите се чувствуваат загрозени од каблите на електричните столбови.

ТВ21 побара став и од ЕВН, од каде велат:

„Постапката е сѐ уште во тек. ЕВН Македонија има тесна соработка со надлежните институции со цел целосно расчитување на случајот. Компанијата ги става на располагање сите потребни податоци и информации коишто во моментот се побарани или пак може да бидат побарани во иднина. Во 2019 година бил предизвикан пожар токму во истиот објект, a ЕВН никогаш не ни била засегната странка“, велат од ЕВН Македонија.

Валентина очекувала помош од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, но како што вели, тој не донел ниту едно шише вода. Таа додава дека нема да се откаже сѐ додека не ја истера правдата, со оглед на тоа дека има голема материјална штета која треба да се надомести.