Пожарот кај Штип ставен под контрола – зафатени неколку викендички, едно лице хоспитализирано

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот во близина на Штип е локализиран и ставен под контрола, а беа зафатени се неколку викендички. Според градоначалникот Иван Јорданов, огнот избувнал на околу еден километар од првиот пожар кој би ставен под контрола, што отвора сомнежи за можните причини за негово настанување, односно дека е подметнат.

Во пожарот е повреден сопственик на викенд куќа, кој е во стабилна здравствена состојба. Во акцијата биле вклучени и воздушни сили, при што ер трактор трипати исфрлал вода.

Првиот човек на ДЗС Стојанче Стојанче во текот на вчерашниот ден беше во Штип Ангелов каде изјави дека сите три ер трактори се оперативни и државата е подготвена за претстојната сезона на пожари.

До граѓаните е упатен апел да ја исчистат сувата трева околу домовите и викендичките.

Инаку, полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни.