Пожарот во Кочани се заканува да зафати склад на „Макпетрол“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Состојбата со огнената стихија која го зафати Кочани станува се позагрижувачка.

Од Центарот за управување со кризи за „360 степени“ информираат дека пожар во близина на кочанското село Бели, кој неколкупати бил гаснет, сега е надвор од контрола и се заканува да го зафати складот на „Макпетрол“ кој се наоѓа во близина.

„Пожар во близина на с. Бели, кај месноста викана Сламерник, пожарот во неколку наврати е загаснуван, но истиот се разгорува и во моментот е вон контрола и претставува опасност кон склад на Макпетрол, кон Драчевик и Белско Маало. Според дојава на граѓани, пожарот е сосема до куќите. ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 противпожарни возила и 4 пожарникари“, велат од ЦУК.