Северна Македонија е добар пример за образованието на жените. Албанките може да се сметаат и за интелектуалки, ако се земе предвид поголемиот процент на образовани жени во споредба со мажите – вели универзитетскиот професор Ајтен Ќамили Хајдари.
„Албанката во нашето општество, но и во албанскиот регион има значително подобра позиција, ако се спореди со изминатите години, со минатите децении и може да се каже дека Албанката може да се смета за интелектуална жена. Ако се погледне и процентот на образовани жени кои се повеќе и повеќе образовани, со средно образование кое е и задолжително но и со високо образование, тогаш имаме и постдипломски студии, магистерски и повисоко“, вели Ајтен Ќамили.
Но, активистката Риниша Реџепи вели дека не исчезнале предрасудите за професиите што ги практикуваат жените. Таа очекува при вработувањето да се видат меритократијата и вредностите, а не фактот дека е жена. Дури и кога жената работи, таа вели дека мажот има контрола над нејзините финансии.
„Кога ќе се објави видео дека една Албанка станала министер, коментарите кои ќе ги видите се дека таа направила нешто „валкано“ за да стигне таму, што е многу застрашувачко“, вели Риниша Реџепи.
Иако се образовани, не се вклучени на пазарот на трудот, смета активистката Рита Бехадини, која додава дека девојчињата не треба да се мажат ако немаат финансиска независност.
„Јас сум ЗА економска независност на жената, а такво нешто не може да се случи ако жената се ограничи, почнува брак без да има работно искуство, бидејќи бракот носи деца, децата носат други обврски. Жената треба да има право да одлучува кога треба да ги помине, но фактот дека не сме вклучени на пазарот на трудот покажува дека тие подоцна го губат капацитетот што го добиваат на факултет затоа што никогаш не учествуваат на пазарот на трудот“, вели Рита Бехадини.
Професорката Ќамили-Хајдари не се согласи со ова, велејќи дека бракот и кариерата можат да одат рака под рака, бидејќи може да биде доцна за раѓање на деца.
Ако чекаме секоја жена прво да дипломира, да се вработи, да создаде кариера, куќа и слично и потоа да се омажи, доцна е.
Зошто доцна? Дали беше предоцна за мене? Во брак сум, имам деца, имам кариера, бизнис, се, зошто е доцна?
Ако го гледаме глобално. Возраста на која жените имаат деца се промени поради нивните кариери и финансиската независност.
Која е возраста?
Ако порано беше 23-24, денес го помина прагот од 28-29 и 30, затоа што тоа е неопходна возраст кога треба да се најдете себеси
Во емисијата Клик плус се зборуваше за положбата на Албанката во нашето општество, за предрасудите и за предизвиците со кои се соочува.
