Познат француски фудбалер задобил убодна рана во срцето, полицијата почнала истрага

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страшна вест доаѓа од Франција. Поранешниот фудбалер Даниел Конгре (40) задобил убодна рана во срцето.

Се се случило во понеделникот во 19 часот, кога амбулантно возило брзо пристигнало на местото на несреќата во луксузната вила во близина на Монпеље, каде што го пронашле екс играчот во бесознание, откако загубил многу крв.

Тој итно бил префрлен во Универзитетската болница во Монпеље, и сега е во стабилна состојба. Полицијата почнала истрага за да утврди како се случил инцидентот.

Конгре е поранешен француски фудбалер кој играл за Тулуз, Монпелје и Дижон. Тој одигра 490 натпревари во Лига 1, а исто така одигра и четири натпревари во Лигата на шампионите за Монпелје.

Тој е поранешен младински репрезентативец на Франција, за чија селекција има одиграно седум натпревари.