Баерн Минхен – ПСЖ, ланските финалисти во Лигата на шампипните, сега ќе се судрат во 1/4 финалето, и еден од нив ќе мора да испадне уште во оваа фаза.
Тоа е најинтересниот дуел од денешната ждрепка која се одржа во Нион.
И другите парови се интересни. Пред се дуелот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.Челзи ќе игра против Порто, додека Манчестер Сити ќе се сретне со Борусија Дортмунд.
Инаку беа извлечени и полуфиналните двојки. Победникот од дуелот ПСЖ – Баерн Минхен, ќе игра со подобриот од двомечот Манчестер Сити – Борусија Дортмунд. Победникот од Ливерпул – Реал Мадрид во полуфиналето ќе се судри со подобриот од Порто – Челзи.
