Се уште актуелниот европски првак Реал Мадрид нема да ја брани титулата во финалето во Минхен, откако синоќа беше елиминиран од Арсенал.
„Кралевите“ имаа негатива од 3-0 по првиот меч во Лондон, но го дочекаа мечот со многу оптимизам. Меѓутоа не само што не успеаја да ја анулираат предноста на противникот, туку беа на крај и поразени со 1-2, па така Арсенал со вкупни 5-1 се пласираше во полуфиналето.
Арсенал во полуфиналето ќе игра против ПСЖ, кој и покрај поразот од Астон Вила од 3-2 на реваншот, сепак, успеаја да се пласираат во следната фаза благодарение на победата на домашен терен од 3-1. Вистински херој на ПСЖ беше Џанлуиџи Донарума кој успеа да го одбрани својот тим од налетите на противникот, и да се пласира меѓу најдобрите четири тима.
Втората полуфинална двојка е Барселона – Интер. Барселона успеа и со пораз да се пласира во слдната фаза. „Каталонците“ загубија од Борусија Дортмунд со 3-1, но на првиот меч победија со 4-0, и така обезбедија учество во полуфиналето. Интер, пак, одигра 2-2 на домашен терен против Баерн Минхен, и благодарение на победата до Минхен од 1-2, успеа да обезбеди полуфинале.
